Економија, финансии, бизнис

Контакт

Моравјецки: Има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака

Моравјецки: Има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека ако Русија планира да ја нападне Полска, треба да знае дека има 40 милиони Полјаци кои се спремни да земат оружје во рака да ја одбранат татковината. Кажа дека Полска со години била под руска чизма. 

„Народот на Полска е подготвен да пружи отпор во случај на руски напад“, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки на отворањето на спортско-стрелачката галерија во Мисков, јужна Полска.

Земјата ќе инвестира во ново оружје за армијата. Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, во повеќе земји постои страв дека е можно војната да се прошири. Не е само Полска, туку и во Грузија и Молдавија имаше страв од немири. 

Слично

Поврзани вести