Моравиецки: Путин е поопасен од Хитлер, Западот да го уништи „рускиот свет“
Полскиот премиер Матеуш Моравиецки го повика Западот да го уништи „рускиот свет“.
„Рускиот свет е рак кој го јаде не само поголемиот дел од руското општество туку ѝ се заканува на цела Европа. Така, не е доволно да се поддржи Украина во нејзината војна против Русија. Треба целосно да ја уништиме таа страшна идеологија“, изјави Моравјецки во интервју за британски „Телеграф“.Toj кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е поопасен и од Адолф Хитлер или Сталин.
Русија започна војна во Украина на 24 февруари. Претседателот на Русија, Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. Полска е земја која прими најголем број бегалци од Украина. Земјата лекуваше и ранети украински војници. Откако почна војната во Украина, медиумите пишуваа дека во Полска се зголемил бројот на луѓе кои сакаат да служат воен рок, веројатно поради страв од проширување на војната.
Слично
