Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРАВ ДА ГИ ЧИСТАМ СОБИТЕ ЗА МАЧЕЊЕ, тинејџер од Украина, 90 дена бил руски заложник, го раскажа своето патешествие

МОРАВ ДА ГИ ЧИСТАМ СОБИТЕ ЗА МАЧЕЊЕ, тинејџер од Украина, 90 дена бил руски заложник, го раскажа своето патешествие

Владислав Бурјак бил заложник цели 90 дена и опишал како луѓето врескаат, но и собата со крвави дамки и натопени завои, откако успеал да се спаси од заложништвото. 

Владислав е 16-годишно момче од Украина кој бил држен од руски војници во заложништво 90 дена, период кога слушал како други затвореници биле мачени во блиската ќелија.

Владислав Бурјак, бил одвоен од семејството на 8 април на контролен пункт додека се обидувале да побегнат од градот Мелитопол, бил ослободен по повеќемесечни преговори меѓу неговиот татко Олег – локален украински функционер – и руските војници, кои сакале размена на Владислав за поединец од интерес на руската војска.

Живописниот приказ на Владислав за неговото време во заробеништво е приказ на насилни испрашувања кои вклучуваат брутални тепања и ги потврдува другите извештаи за малтретирање на затворениците од страна на руските и проруските сепаратистички сили.

Тој е еден од околу 500 случаи на цивилни заложници чии информации ги собра Центарот за граѓански слободи во Украина, вклучително и неколку други млади луѓе, иако организацијата вели дека тој е веројатно врвот на ледениот брег.

Во интервју за Гардијан, Владислав ја опиша својата долга голгота.

- Заминавме од Мелитопол за Запорожје во 9 часот наутро. Околу 11 часот бевме запрени на контролниот пункт, каде руските војници почнаа да ги проверуваат документите - рече тој, седејќи до својот татко.

Потоа посочил дека руските војници го прашале дали го снимил контролниот пункт и му го побарале телефонот. 

- Во него, пронајдоа видео на која имаше руски војници кои зборуваат за тоа како не сакаат да се борат. Тоа ги налути, а еден војник со автомат го впери кон мене и рече дека треба да го следам и ме одведе во шаторот каде што ги „филтрираа“ луѓето што заминуваа. Тогаш дознаа дека сум син на локален функционер и вреден како заложник - објаснува Владислав.

По ова, Владислав бил одведен на локација која се користела како затвор во Василивка, каде што бил задржан повеќе од 40 дена во една единствена ќелија пред да биде префрлен во хотел, каде престојувал последниот месец од неговото заробеништво.

- Ме натераа да работам миејќи го подот од просторијата што ја користеа за испрашување, чистење соби на полицајците и фрлање ѓубре. Ќелијата во која ме чуваа беше на неколку метри од местото каде што ги правеа сослушувањата. Можев да ги слушнам луѓето како викаат, а кога ја исчистив собата, видов крвави дамки. Бидејќи можев да се движам кога ги чистев ќелиите, имав можност да видам што се случило со луѓето, кои понекогаш можеа да разговараат со мене околу една минута кога чуварите не гледаа - објаснува Владислав.

Тој ја опиша просторијата каде што биле сослушувани затворениците. 

- Имаше метална маса и две столчиња. Едниот беше за испитаникот, а другиот за тој што бележеше. Имаше дамки од крв и натопени завои. Можев да го слушнам и испрашувањето, барем три пати неделно. „Дали имате оружје? Кој друг има оружје?’ Тие викаа, а луѓето што беа мачени викаа навистина гласно. Луѓето беа тепани и мачени со електрошокови. Ако некој не каже нешто, тортурата ќе продолжи, понекогаш и неколку часа. Видов луѓе пред и потоа, а нивните лица беа модри. Бев навистина исплашен да не ме истепаат и мене, па се обидов да ги задржам емоциите. Никој никогаш не ми кажа зошто ме чуваат, но претпоставував дека тоа е за да ме разменат - велиВладислав.

Додека Владислав бил приведен, неговиот татко преговарал со Русите за да се обиде да обезбеди ослободување на неговиот син.

- Првпат ми се јавија еден ден откако Владислав беше одведен на 9 април. Ми рекоа: Го имам твојот син. Ми треба оваа личност да се размени. Беше јасно дека е заложник. Но, разбрав и дека тој е вреден за нив и затоа веројатно нема да му наштетат - кажа Олег.

Таткото на Владислав посочува дека бил свесен оти не може да се расправа со нив и да кажа: тој е дете! Потенцира оти немало простор за дебата. 

- До 4 јули тие јасно ставија до знаење дека тој може да биде ослободен доколку ова лице биде ослободено. Во сите 90 дена успеав да разговарам со Владислав само шест пати, а дури и тогаш знаевме дека Русите слушаат - додава Олег. 

Извештајот на семејството Бурјак ги потврдува другите извештаи за тортура, вклучително и извештајот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа [ОБСЕ] во кој се вели дека нашле веродостојни докази за злосторства против човештвото извршени од руските сили за време на инвазијата на Украина, вклучително и „знаци на тортура и малтретирање на телата на убиените цивили… покажуваат непочитување на принципот на хуманост кој треба да ја води примената на меѓународното хуманитарно право“.


Во извештајот се додава: „Некои од најсериозните прекршувања вклучуваат насочено убивање на цивили, вклучувајќи новинари, бранители на човекови права или локални градоначалници; незаконски притворања, киднапирања и присилни исчезнувања на такви лица; големи депортации на украински цивили во Русија; различни форми на малтретирање, вклучително и тортура, извршено врз притворени цивили и воени затвореници; неуспехот да се почитуваат гаранциите за правично судење; и изрекување на смртна казна“.

Извештајот, исто така, го документира откривањето на „серија од соби за мачење одделени со бетонски ѕидови“ во летен камп во Буча, надвор од Киев, вклучително и соба за која се вели дека се користела за егзекуции, со дупки од куршуми во ѕидовите. Во друга просторија, каде што експертите рекоа дека има докази за тортура и фрлање вода, беа пронајдени пет мртви мажи „покриени со изгореници, модринки и раскинати“.

Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести