Економија, финансии, бизнис

Контакт

Моралес „скромен“ азилант: Првата ноќ во Мексико ја мина во импровизиран шатор

Моралес „скромен“ азилант: Првата ноќ во Мексико ја мина во импровизиран шатор

Ево Моралес по тензичната политичка ситуација во Боливија доби азил од Мексико и претседателот во оставка на латиноамериканската земја првата ноќ како политички бегалец ја мина под ведро небо, односно во импровизиран шатор направен од ќебе.

Сега веќе екс-претседателот на Боливија мораше да избега на безбедно под налет на протестите во неговата земја., откако голем број живеалишта не негови блиски соработници пламнаа, а беа уништени и неколку полициски станици.

Тој е првиот домородец претседател на Боливија, но политичката кариера му заврши неславно иако на социјалната мрежа порача дека повторно ќе се врати како „посилен политичар“.

– Ова беше мојата прва ноќ по напуштањето на претседателството и под принуда на државен удар. Им благодарам на своите браќа од сојузот Тропик оф Кокабамба на овозможената безбедност и нега-, напиша Моралес.

Тој пребега во Мексико со авионот на мексиканската Влада од боливискиот град Чиморе.



Слично

Поврзани вести