Мора да се подготвиме за борба против Русите во Европа, вели првиот човек на британската армија
Мора да се подготвиме за борба против Русите во Европа, вели првиот човек на британската армија, генерал Патрик Сандерс.
Рече дека имаат императив да создадат армија која е подготвена да се бори.
„Ние сме генерација која мора да ја подготви армијата да се бори уште еднаш во Европа. Руската инвазија на Украина ја нагласува нашата основна цел – да го заштитиме Обединетото Кралство и да бидеме подготвени да се бориме и да победиме во копнената војна“, додаде британскиот генерал за Дејли Мејл.
Откако почна војната во Украина, Русија се закани на повеќе европски земји, а се споменуваше и можноста конфликтот да се прошири во соседни земји. Русија се закануваше и на Британија.
Слично
