„МОРА ДА РАЗБЕРЕТЕ, ХАМАС НЕМА ДА ПОСТОИ“: Нетанјаху најави повеќекратни одмазднички напади по нападот врз Тел Авив (ВИДЕО)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети повеќекратни одмазднички напади врз јеменските бунтовници Хути откако ракета лансирана од групата поддржана од Иран падна во близина на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив во неделата.
Во видео објавено кратко по нападот, Нетанјаху нагласи дека „ќе има експлозија“.
- Дејствувавме против нив во минатото, а ќе дејствуваме и во иднина. Не е „тресок“ и тоа е тоа, но ќе има експлозија - рече премиерот.
צפו בעדכון חשוב ממני אליכם >> pic.twitter.com/hLLodqVnPz
— Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו (@netanyahu) May 4, 2025
Хутите неодамна ги засилија ракетните напади врз Израел, како што велат, во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
Денеска, ракета беше лансирана во близина на аеродромот Бен Гурион, кој е и главна меѓународна порта на Израел, предизвикувајќи паника кај патниците.
Според извештаите на локалните медиуми, постои можност за повеќе повредени за време на инцидентот.
Нападот наводно се случил во време кога израелските министри биле близу до потпишување планови за проширување на воената операција во Газа, која продолжи по двомесечното примирје во март.
Нетанјаху во пораката наведе и дека неговиот кабинет вечерва ќе разговара за следната фаза од офанзивата во Газа, а целта на воената кампања останува „пораз на Хамас“.
- Фокусирани сме на две мисии. Прво, да ги вратиме нашите заложници. Второ, да се победи Хамас. Хамас нема да остане, тоа мора да го разберете. Во војните, донесуваш одлука - победа - рече тој.
