МОРА ДА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА: Кој е напаѓачот кој со автомобил влета во толпа во Минхен?
Авганистанец на возраст од 24 години е осомничен за намерно влетување денеска во група луѓе во Минхен во Германија.
Тој повреди 28 луѓе. Некои од нив се тешко повредени, при што дел се во критична состојба. Автомобилот пред да удри во луѓето се приближил до полициските возила на местото на настанот и потоа забрзал накај луѓето.
Премиерот на Баварија, Маркус Седер изјави дека сообраќајната несреќа се третира како „можен напад“.
„Нападот покажува дека треба да промениме нешто во Германија – и тоа брзо“, рече премиерот.
Министерот за внатрешни работи на регионот рече дека осомничениот ѝ бил познат на полицијата во врска со инциденти со дрога и кражби.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека возачот, барател на азил од Авганистан, кој со својот автомобил влета во група луѓе во Минхен „не може да се надева на милост“ и мора да ја напушти земјата.
