„Moody’s“ предвидува продлабочување на рецесијата во Русија
Во новиот извештај на рејтинг агенција „Moody's“ се предвидува дека новиот пад на цената на нафтата и девалвација на рубљата ќе станат причина за продлабочување на рецесијата во Русија, пишува „РБК“.
Аналитичарите од „Moody's Investors Service“ посочуваат дека објавената макроекономска статистика од руската служба за статистика „Росстат“ за вториот квартал покажува дека руската економија „официјално се наоѓа во состојба на рецесија“.
Во извештајот се вели уште дека создадената положба со цената на нафтата и курсот на руската валута ќе го забави заздравувањето на економијата во 2016 година, Агенцијата предвидува дека во 2015 година намалувањето на БДП ќе е за 3%, а следната година во Русија ќе има нулта раст.
„Moody's“ наведува дека главните фактори за рецесијата ќе бидат падот на приватната потрошувачка и инвестициите на компаниите, како и меѓународните санкции против Москва. Според оценката на агенцијата санкциите ќе чинат 1-1.5% од реалниот БДП на земјата до 2020 година.
Според податоците на Росстат, во вториот квартал БДП се намалил за 4,6%, а во првиот - за 2.2%. Во моментов кредитниот рејтинг на земјата, определен од „Moody's“ e Ва1 со негативна прогноза.
Во почетокот на јули рејтинг агенција „Fitch“ го задржа својот рејтинг за Русија на ниво БББ-, со негативна прогноза, со образложение дека земјата делумно закрепнува од конкурентност, но среднорочната перспектива за растот на економијата останува слаба во споредба со другите земји во развој.
