Економија, финансии, бизнис

Контакт

Moody’s ја казнува Украина

Moody’s ја казнува Украина
Поради политичките и социјалните конфликти во Украина меѓународната рејтинг агенција Moody's  синоќа го намали кредитниот рејтинг на источноевропската  страна  за еден степен до "Caa2" од сегашниот "Caa1". Со рејтинг во областа "C" украинските државни обврзници се сметаат за силно шпекулативни. Перспективата останува негативна, што го отвора патот кон нови намалувања, додаде агенцијата. Аналитичарите гледаат опасност дека Украина ќе има потреба од значително повеќе надворешна ликвидност. Во исто време тие се сомневаат дека Русија ќе ја  поддржува постојано Украина. Ескалацијата на првично мирните протести според Moody's доведува до ризик од долготрајна владина криза и (или) политичка нестабилност. Несигурната политичка иднина и девалвацијата на валутата го принудува населението да се запознае со странски валути. Иако украинската централна банка веројатно може со руска помош до одреден степен да ја прекине девалвацијата на украинската белегзија, влошувањето на ситуацијата на улиците најверојатно ќе ја разгори желбата за купување на валути. Но дури и поддршката на Русија може да биде отстранета , ако после евентуална промена на владата Украина се поврзе повеќе со Европската унија , се вели во анализата на агенцијата. Русија веќе и вети на Украина помош од 15 милијарди долари , откако планираниот договор за асоцијација на Киев со ЕУ пропадне. Покрај тоа Украина добива руски гас по многу ниски цени. Украинскиот претседател Виктор Јанукович успеа да договори намалување на цената на природниот гас од Русија во рамките на 33% .
Слично

Поврзани вести