Економија, финансии, бизнис

Контакт

Moody’s го зголеми кредитниот рејтинг на Шпанија

Moody’s го зголеми кредитниот рејтинг на Шпанија
Moody's го зголеми за еден степен кредитниот рејтинг на Шпанија до Baa2. Агенцијата ја донела одлуката поради спроведувањето на големи структурни реформи, особено на пазарот на труд и пензиски систем, како и реструктуирањето на шпанскиот банкарски систем. "Овие напори ги поддржуваат очекувањата на Moody's за посилен и одржлив економски раст на среднорочен план и натамошно стабилизирање на јавните финансии", гласи пораката на меѓународната агенција. Таа и дава на Шпанија позитивна перспектива, што укажува понатамошно кревање рејтингот. Се очекува до крајот на месецот, владата на земјата да достави даночна реформа, која ќе стапи во сила до стартот на летото. Ова ќе ги зголеми шансите на власта на изборите следната година, коментираат светските агенции. Деталите за планот се уште не се финализирани. Мадрид засега најави дека сака да го поедностави системот и да ја подобри ефикасноста при наплатата на даноците. Земјата веќе излезе од рецесија, но се уште се бори со рекордно високата невработеност и високите нивоа на јавниот долг. На крајот на минатата година шпанскиот премиер Мариано Рахој вети позитивна промена во 2014. "Ако 2012 беше година на стегање на ременот, а 2013 - година на реформи, тогаш 2014 ќе биде година на економско заздравување за нашата земја", рече премиерот. Економијата на Шпанија регистрира раст од 0,1% во третиот квартал на 2013 , така дека "можеме да тврдиме дека сме сведоци на една јасна промена на ситуацијата", убеден е Рахој.
Слично

Поврзани вести