Економија, финансии, бизнис

Контакт

Монти ја спаси Италија од должничка пропаст

Монти ја спаси Италија од должничка пропаст
Во период од една  година,откако технички ја презеде владата,  Марио Монти ја спаси Италија од должничка пропаст, но земјата сè уште страда од мерките за штедење. А изборите кои ке се случат во  пролет 2013  лесно може да ги променат  постигнатите резултати, а токму оваа можност ги  загрижува европските партнери на земјата. Поранешениот европски комесар за конкуренција, Монти  Владата ја презеде на 16 ноември 2011 година. Во средината на финансиската криза во Европа, и тоа од  Силвио Берлускони.  Монти работи на сите полиња  за да се спречи Италија да го следи патот на Грција.  Неуморно се бори  да ги намали разликите кои што ги предизвика кризата во земјата. Под негово водство, Италија речиси ја  заврши  програма за маркетинг на своите обврзници за 2012 година. Со намалени приноси во споредба со летото што е знак дека довербата на инвеститорите е повратена. За Операцијата „Спасување на Италија“  најголемите заслуги се препишуваат на  Монти. Неговата итна инервенција во јавните финансии и личниот кредибилитет ја спасија земјата од должничка пропаст.
Слично

Поврзани вести