Економија, финансии, бизнис

Контакт

Монтебур: Да пораснат платите во Германија

Монтебур: Да пораснат платите во Германија
Францускиот министер за индустрија, Арно Монтебур смета дека платите во Германија би требало да пораснат за да се намалат  нерамнотежите во Европа кои придонесоа за напнатоста во еврозоната. -Германија има огромен извозен суфицит во однос на трговските партнери и тоа е факт“, рече францускиот министер во интервју за Rheinische Post. -Германската индустрија си создаде конкурентска предност со кочењето на растот на платите. Таквата ситуација, нерамнотежа, економски е неодржлива, всушност е опасна“, оцени Монтебур, инаку деклариран левучар кој со сите сили настојува да ги спаси разнишаните индустриски погони. -Франција сака Германија да преземе конкретни мерки кои ќе резултираат со воспоставување на рамнотежа помеѓу нашите држави“, рече Монтебур. Тој нагласи дека нагласи дека опозционите германски социјал-демократи во предизборната програма за парламентарни избори што треба да се одржа на есен ќе го вкучат барањето за покашување на платите. Минатата година најголемиот гермаски синдикат на вработените во индустријата избори 4,3- отстотно покачување на платите за вкупно 3,6 милиони металски работници, но и машински инженери во автомобилската индустрија, што беше најголемо покачување на платите од 1992 година. Одредени економисти сметаат дека ограничениот слаб раст на платите во Германија во изминатото десетлетие придонесол за нерамнотежите кои дополнително ја влошиле должничката криза во еврозоната. Во периодот2007-2011 платите во Германија во просек пораснале за еден отсто, додека просекот во еврозоната изнесувал 2,7 отсто.
Слично

Поврзани вести