Монсунските дождови во Пакистан однесоа над 300 жртви
Во петнеделните монсунски дождови во Пакистан настрадале повеќе од 300 луѓе.
Локалните власти соопштија дека има 304 луѓе. Од средината на јуни поплавите од надојдените реки оштетија многу автопатишта и мостови, а околу 9.000 домови се целосно уништени. Нестабилната и сиромашна југозападна провинција Белучистан е особено тешко погодена од долготрајното невреме, каде 99 луѓе загинаа во вонредни случаи поврзани со дождот и поплавите, а 70 други загинаа во јужната провинција Синд.
Водата однесе 61 живот и во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, и 60 во источната провинција Пенџаб. Меѓу жртвите има жени и деца, а повредени се најмалку 284 луѓе. Секоја година, вообичаено од јули до септември, поголемиот дел од Пакистан се соочува со монсунските дождови. И во јужен Иран има жртви во поплави.
