Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОНСТРУОЗНО: ИСИС му ја отсекоа главата и на другиот Јапонец!

МОНСТРУОЗНО: ИСИС му ја отсекоа главата и на другиот Јапонец!

Екстремистите од Исламската држава денеска објавија видео снимка на интернет наведувајќи дека со отсекување на главата го убиле и другиот јапонски заложник, Кенџи Гото, соопштила мониторинг групата на СИТЕ , пренесува Ројтерс.

Британската агенција пренесува дека јапонската влада ја проверува веродостојноста на видеото, на кое е прикажано едно лице со капа и нож кој го држи на вратот на Јапонецот, а потоа е прикажано телото на јапонски новинар на кој е поставена неговата глава.

Обраќајки му се на јапонскиот премиер, лицето со нож рекло: „Поради вашите непромислени одлуки да учествувате во војна во која не можете да победите, овој нож не само што ќе го убие Кенџи туку ќе биде искористен и да ја пролие крвта кога ќе наидеме на ваши луѓе. Ноќниот кошмар за Јапонија започна“, рекол тој, пренесува Ројтерс.

Заменикот на јапонскиот министер за надворешни работи денеска истакнал дека преговорите со џихадистите на Исламската држава кои се заканиле дека ќе го убијат јорданскиот пилот и јапонскиот новинар се на „мртва точка“.

Целата драма започна минатата недела кога ИД објави видео со двајца Јапонци, Гото и Харун Јукав, заканувајќи се дека ќе ги убијат ако за 24 часа не им се платат 200 милиони долари.

Тоа барање после е преименувано во ослободување на Ирачанката и во меѓувреме објавиле дека го убиле Јукав.

Слично

Поврзани вести