Економија, финансии, бизнис

Контакт

Монета од канадски цент продадена за 253 илјади долари

Монета од канадски цент продадена за 253 илјади долари

Монетата од канадскиот цент, попознат како „Кралот на канадските монети“ или !Центот од 1936 година со точка“, е продаден на наддавање во предградие на Чикаго за 253.000 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ“.

Според руските медиуми, новиот сопственик на ретката монета е канадски колекционер.

Канадскиот кралски монетарен двор исковал само три такви центи со точка. На предната страна на монетата може да се види профилот на кралот на Велика Британија Џорџ Петти. Тој починал во 1936 година.

Од 1951 до 1996 година сите три монети биле чувани во колекцијата на познатиот американски нумизматичар Џон Питман. По неговата смрт една е продадена во 1999 година за 115.000 долари, втората во 2003 година за 230.000 долари, а потоа препродадена во 2004 година за 402.500 долари.

Третата монета, исто така, била продадена во 2004 година за 207.000 долари и токму таа повторно беше предложена за наддавањето на „Херитиџ“.
Слично

Поврзани вести