Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОНАРХИЈА: Шпанскиот крал Хуан Карлос спиел со над 1.500 жени

МОНАРХИЈА: Шпанскиот крал Хуан Карлос спиел со над 1.500 жени
 

Откако вчера ја најави својата абдикација на тронот, јавноста во Шпанија започна да се занимава и со деталите од приватниот живот на кралот Хуан Карлос.

Познато е дека 76-годишниот Хуан Карлос, кој е на престолот од 1975 година, веќе 35 години не ја дели брачната постела со својата сопруга, 75-годишната кралица Софија. Но, познавачите велат дека никогаш немал проблем да најде жени со кои ќе ја замени.

Новинарката Пилар Ејре го опишува како „професионален заводник“, кој спиел со повеќе од 1.500 жени, меѓу кои и британската принцеза Дајана. Хуан Карлос наводно ја завел Дајана уште во 1986 година, кога била на одмор во Мајорка со принцот Чарлс и нивните синови, а нејзиниот брак бил веќе во криза.

Дајана никогаш не ја признала аферата, но рекла дека шпанскиот крал е многу шармантен и оти е можеби малку повеќе внимателен кон нејзе.

Хуан Карлос, наводно, ја мамел својата сопруга од првиот ден, а веќе подолг период тие само формално се во брак и водат одвоени животи.

Инаку, додека шпанскиот Парламент по итна постапка подготвува закон за сукцесија на круната кој треба да биде усвоен за принцот Фелипе на 16-ти јуни да ја преземе круната од Хуан Карлос, на улиците на поголемите градови во Шпанија се организираат масовни протести на луѓе кои бараат референдум за државното уредување на земјата.

Како аргумент најчесто се наведуваат многуте скандали кои ја следат шпанската монархија, а демонстрантите бараат промена на државното уредување во република.  
Слично

Поврзани вести