МОМЕНТ ЗА ИСТОРИЈА: Дали овој договор ќе стави крај на глобалното загревање?
Преставници на скоро 200 држави во светот постигнаа денес договор на состанокот во Руанда за постепено запирање на користењето на гасовите хидрофлуорокарбон (HFC) кои би можеле да предизвикаат „ефект на стаклена градина“, а се користат во фрижидери и клима уреди.
Министерот за природни ресурси на Руанда Винсер Бирут, објавувајќи ја веста , рекол дека се работи за голем чекор во намалување на глобалното загревање.
„Амандманите и одлуките се усвоени“, рекол тој после преговорите кои траеле цела ноќ.
Ројтерс наведува дека договорот го постигналe повеќе од 150 земји и дека според него земјите се поделени во три групи па тоа кои рокови ги добивале за намалување на користењето фабрички произведени HFC гасови, кои може да имаат 10 000 пати поголемо негативно влијание во однос на јаглерод диоксидот.
Развиените нации, вклучувајќи поголем дел од европските земји и САД би требало да го намалат емитувањето за десет отсто до 2019 година како би се стигнало до 85 отсто до 2036 година.
