Момчето на исчезнатата актерка од Македонија се самоуби во САД
Нов драматичен заплет доби случајот на исчезната македонска актерка во САД Адеа Шабани, откако нејзиното момче се самоуби при потера на полицијата која се обидувала да го приведе. 33-годишниот Кристофер Спотц си го одзел животот со неколку куршуми откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија.
Според службените извештаи, Спотц управувал со украдена Тојота за која се претпоставува дека е поврзана со убиството на 25-годишната македонка Адеа Шабани. Но дали навистина се работи за убиство не потврдува ниту приватниот детектив на семејството Шабани кој вели дека потрагата по девојката е се уште активна.
25-годишната Адеа Шабани се води за исчезната од 23 февруари, а американските власти нудат награда од 25.000 долари за корисна информација која ќе помогне за пронаоѓање на македонската студентка во САД.
