Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче влегло во продавница и прашало каде се ножевите, а потоа почнал масакрот: Детали за хоророт во Чешка

Момче влегло во продавница и прашало каде се ножевите, а потоа почнал масакрот: Детали за хоророт во Чешка

Момче (16) утрово уби две продавачки во трговски центар во чешкиот град Храдец Кралове. Според локалните медиуми, тој пред крвавиот пир влегол во продавницата и прашал каде се ножевите.

Имено, според еден од сведоците со кои разговарал Блеск, во продавницата влегол млад човек и ја прашал една од продавачките каде се ножевите. Го испратила до полицата, каде младиот човек грабнал од ножевите и ја нападнал една од продавачките која стоела веднаш до него.


Потоа отишол до задниот дел од продавницата, каде што нападнал друга жена, изјави сведокот за Блеск.

Полицијата го примила повикот околу 08:30 часот, а напаѓачот бил фатен десетина минути подоцна, на околу километар од местото на злосторството.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести