Момче се возело на мотор со аргентинското знаме околу вратот, по што се случи трагедија
22-годишно момче од аргентинската престолнина Буенос Аирес починало за време на прославата по повод победата на Светското првенство во фудбал.
На прославата на улиците во Аргентина синоќа излегоа илјадници навивачи, а медиумите пренесуваат и дека починал Себастијан Оскар Масијел. Тој се возел на мотор со аргентинско знаме околу вратот, а кое во еден момент му се заглавило во тркалото, по што го задавило.
„Сведоците објаснија дека го забележале како паднал на земјата и знамето му било околу врат. Во тек е истрага, но според првите информации делува дека починал поради недостаток на кислород“, објавија од полицијата.
Аргентинците еуфорично славеа на улиците и плоштадите. Милиони луѓе славеа на јавни места.
ФОТО: EPA-EFE/Enrique Garcia Medina
