Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЛНУПИРАВИР НЕ Е ДОВОЛНО ЕФИКАСЕН ПРОТИВ КОВИД: Франција ја откажа нарачката

МОЛНУПИРАВИР НЕ Е ДОВОЛНО ЕФИКАСЕН ПРОТИВ КОВИД: Франција ја откажа нарачката

Франција ја откажа својата нарачка за антивирусниот леко на Merck & Co (MRK.N) против корона вирусот по разочарувачките податоци од пробните тестови и се надева дека наместо тоа ќе го добие конкурентниот лек на Pfizer (PFE.N) пред крајот на јануари, рече министерот за здравство Оливие Веран, пренесува Ројтерс.

Франција е првата земја што јавно соопшти дека ја откажала нарачката за лекување Мерк, откако компанијата објави податоци кон крајот на ноември, според кои нејзиниот лек е значително помалку ефикасен отколку што се мислеше, намалувајќи ги хоспитализирањата и смртните случаи во нејзиното клиничко испитување на лица со висок ризик до околу 30%, пишува Ројтерс.

„Последните студии не беа добри, Франција направи рана нарачка за 50.000 дози од лекот молнупиравир развиен од Merck и Ridgeback Biotherapeutics, но откажувањето нема да предизвика трошоци, изјави францускиот министер за здравство, Оливие Веран за BFM TV.

Компанијата Мерк соопшти дека продолжува да работи со Европската асоцијација за лекови (ЕМА) на нејзиниот регулаторен преглед на лекот. Има договори за снабдување или продавање на пилулата во над 30 земји и веќе го има испорачано лекот во 12 држави.

Paxlovid на Pfizer покажа речиси 90% ефикасност во спречувањето на хоспитализацијата и смртните случаи на СОВИД-19 кај пациенти со висок ризик.

Франција го купи тој лек наместо молнупиравир на Мерк, изјави Веран, без да открие за колку дози станува збор, а истовремено рече дека лекот се очекува пред крајот на јануари иако се уште не е одлучено дали лекот ќе се продава во аптеките, рече министерот.

Додека вакцините се главното оружје против КОВИД-19 за владите, постојат надежи дека експерименталните апчиња на Мерк и Фајзер би можеле да ја променат епидемиолошката карта во светот со намалувањето на шансите за смрт или хоспитализација за оние кои се изложени на најголем ризик од тешка болест.


Слично

Поврзани вести