Молња ги погоди бразилските војници
Над 30 војници од претседателскиот полк во Бразил добија повреди во различен степен, бидејќи биле погодени од молња.
Инцидентот се случил во главниот град Бразилија. Молња удрила во момент кога војниците поминувале низ шумата.
Хоспитализирани се 26 војници, повеќето од нив со изгореници и проблеми со меморијата. Животот на сите е надвор од опасност.
Земјата на кафето се смета за светска престолнина на молњата. Годишно таму удираат речиси 50 милиони. Што е неофицијален рекорд.
Во 2014 година, од удар на гром во Бразил загинале 98 лица. Неодамна молња уби 4-има ги жители крај Сао Паоло.
Слично
