Моќни држави ќе одговараат за загадување на воздухот
Шест држави од Европа ќе одговараат за загадување на воздухот.
Европската комисија ќе поднесе тужби пред Европскиот суд за правда против Германија, Франција, Унгарија, Италија, Романија и Велика Британија поради кршење на одредбите за квалитетот на воздухот.
Франција, Германија и Велика Британија ќе бидат тужени поради непочитување на ограничувањето на азот диоксид, а Унгарија, Италија и Романија затоа што не успеале да го намалат нивото на штетни честички.
За разлика од нив, Шпанија, Словачка и Чешка нема да бидат тужени затоа што ветија мерки кои ќе овозможат да се исполнат стандардите на ЕУ за квалитетот на воздухот.
Слично
