„МОИ УБАВИ ХРИСТИЈАНИ, ИЗЛЕЗЕТЕ И ГЛАСАЈТЕ, САМО ОВОЈ ПАТ, ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МОРАТЕ“ - Доналд Трамп повторно бранува
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп предизвика критики од неговите противници велејќи им на христијаните дека „нема да мора повеќе да гласаат“ доколку тој биде реизбран во Белата куќа во ноември.
На предизборниот митинг во Флорида пред конзервативните христијани во петокот вечерта, 78-годишниот Трамп ја повика толпата да гласа за него на претседателските избори на 5 ноември, тврдејќи дека тоа ќе биде потребно само еднаш.
„Христијани, излезете и гласајте! Само овој пат. Нема да морате да го повторите тоа. Уште четири години, знаете што? Ќе се поправи. Ќе биде добро. Нема да морате повторно да гласате, мои прекрасни христијани“, рече Трамп. Изјавата остави простор за дополнителни толкувања.
Пристигна одговорот на кампањата на Камала Харис
„Ве сакам христијани. Јас сум христијанин. Ве сакам, излезете, мора да излезете и да гласате“, додаде тој.
Тимот на кампањата на неговиот политички ривал, демократот Камала Харис, ја гледа изјавата на Трамп како показател дека сака да ја „укине демократијата“ доколку се врати во Белата куќа.
„Кога потпретседателката Харис вели дека ова се избори за слободата, таа го мисли тоа. Нашата демократија е нападната од криминалецот Доналд Трамп: откако Трамп ги загуби последните избори, тој испрати толпа да ги поништи резултатите“, рече портпаролот на кампањата.
„Во оваа кампања тој вети насилство ако изгуби, крај на нашите избори ако победи и укинување на Уставот за да биде диктатор и да ја спроведе својата опасна агенда Проект 2025 во Америка“, заклучи тој.
