Могерини: Регулирање на кризата во Сирија е невозможно без Дамаск
ЕУ верува дека конфликтот во Сирија не може да биде надминат со воени средства и дека политичкото решавање е невозможно без учество на актуелната влада на Дамаск.
Ова го изјавила во интервју за весникот "Вашингтон пост", високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и политиката на безбедност Федерика Могерини.
"Ние, Европејците, сме убедени дека војната во Сирија нема чисто воено решение", рече главниот дипломат од ЕУ. Таа, исто така ја изрази својата поддршка за "политичко решение на конфликтот во Сирија".
На директно прашање за тоа дали таквото решение може да значи крај на владеењето на сирискиот претседател Башар Асад, Могерини одговорила негативно. "Не. Тоа значи учество во политичката транзиција, процес во кој сите земји во Сирија, претставници на режимот и опозицијата треба да се собираат и да создадат еден општ план за транзиција за земјата ", рече поранешниот шеф на италијанското Министерство за надворешни работи.
"Мислам дека секој сфаќа дека Асад нема да може во иднина да игра улога во Сирија", додаде Могерини.
Таа изјави дека Брисел ја споделува загриженоста околу катастрофалните настани во Сирија во случај владата на Асад да падне.
"Замислете што ќе се случи од гледна точка на бегалците, ако Асад падне", изјави таа.
Според неа изгледите за колапсот на институциите на сириската држава се алармантни за Русија. "Како што разбирам, главната загриженост на Русија е можноста за целосен колапс на државните структури во Сирија, нешто слично на она што се случи во Либија", изјави Могерини.
Според неа такво сценарио би ја загрозила дури и идејата за транзицијата и формирање на нова влада во Сирија. Могерини исто така, рече дека не го поддржува предлогот за создавање на "безбедни зони" во Сирија. "За да се остварат овие планови, треба да има значително воено присуство во северниот дел на Сирија, а не сум сигурна дека ова е реална опција", објасни Могерини.
Таа, исто така, изрази мислење дека кризата во Сирија е "дефинитивно" посложен меѓународен проблем, отколку прашањето за нуклеарните случувања во Иран.
Сирија и Либија во оваа фаза се "главните извори на нестабилност", рече Могерини.
На крајот на интервјуто таа ги повика меѓународните партнери на ЕУ, особено САД, да прифатат повеќе сириски бегалци.
