Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини порача дека Европа и светот треба да извлечат поука од пандемијата

Могерини порача дека Европа и светот треба да извлечат поука од пандемијата

По пандемијата наголемата опасност за ЕУ ќе доаѓа одвнатре, вели екс шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, смета дека во периодот по пандемијата на Ковид-19 најголем предизвик за единството на Унијата ќе бидат внатрешните политички тензии, предизвикани од популистичките и антисистемските ставови на екстремната десница. Таа вели дека Европа и светот треба да извлечат поука од пандемијата. 

„ЕУ е родена врз основа на градењето соработка и прекинот на конфликтите. Национализмот може да не врати на идејата дека ние е подобро едни без други и дека другите наши членки се нашите ривали. Доколку ЕУ влезе во логиката на национализмот, последиците може да бидат поголеми од оние на пандемијата“, рече Могерини.

Учествувајќи во економската дебата во Минхен, Могерини оцени дека граѓаните на Европа, но и на светот, за време на пандемијата за првпат ја разбраа меѓусебната поврзаност и условеност на нивната сопствена безбедност и безбедноста на другите.

Слично

Поврзани вести