Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини: Ова не беше лесна година за Балканот

Могерини: Ова не беше лесна година за Балканот

Балканот помина низ многу тежок период, па затоа 2018 година мора да се искористи за препознавање на укажаните шанси, спроведување на неопходните реформи и преземање на одговорност за посветла иднина, смета Високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија Федерика Могерини.

Според неа 2018 година ќе биде клучна година за Балканот со цел европската интеграција и реформите да се точка од која нема повлекување.

Могерини на нејзиниот блог наведе 12 посебни моменти кои ја обележале нејзината 2017 година, кои сака да ги понесе со себе и во Новата година.

– Ова не беше лесна година за Балканот. Посетив шест главни градови во регионот во некои од најтешките моменти – во некои случаи, моменти на длабока политичка криза, напиша високата претставничка за надворешна политика и безбедност во ЕУ.

Таа наведе дека, денес благодарение на важните одлуки и големиот труд повеќето од кризите се решени.

– Патот кон реформите повторно започна (иако се уште има многу работа), а компасот на европските интеграции го покажува тој пат, напиша Могерини.

Таа додаде, дека „2018 година ќе биде клучна година, за овој пат да се зацврсти и да се направи неповратен“. Тоа би било важен резултат, не само за регионот, туку и за цела Европа.

– Беше ова тешка година за светот, но како и сите други години и 2017 години ни донесе и добри моменти и некои добри работи – работи кои ги постигнавме со голема посветеност, енергија и голема тимска работа, напиша Могерини.

Таа, меѓу моментите кои ја одбележале минатата година, ги истакна одбележувањето на 60-годишнината од ЕУ, создавањето на европската одбрана, соработката со земјите од Африка за миграцијата, Самитот на Источните партнерства, поддршката на ЕУ за нуклеарниот договор со Иран, Конференцијата за иднината на Сирија, и друго.


Слично

Поврзани вести