Могерини: Нападите во Џакарта се знак дека терористичката закана е глобална!
Нападите во центарот на Џакарта, како резултат на кои денеска загинаа седум лица, нè потсети дека терористичката закана е глобална.
Тоа се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини објавена во Брисел.
„Нападот во центарот на Џакарта денес е трагичен потсетник дека заканата од тероризам е глобална и треба да се решава на глобално ниво“, се вели во соопштението
„Цврсто ја поддржуваме Владата и народот на Индонезија во борбата со насилството и екстремизмот“, истакнала таа.
Седум лица загинаа во четвртокот како резултат на серија експлозии и престрелки во центарот на Џакарта. Петмина од нив се непосредни учесници во нападите.
Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација „Исламска држава“.
