Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини го повика Путин на радикална промена на ставот!

Могерини го повика Путин на радикална промена на ставот!

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на „радикална промена“ на ставот, оценувајќи дека руската финансиска криза “ не е добра вест“ за Европа и за остатокот од светот.

„Претседателот Путин и руските лидери треба сериозно да ја разгледаат радикалната промена на ставот кон остатокот на светот“, и да усвојат „кооперативен став“ во поглед на актуелните кризи, рекла Могерини по доаѓањето на европскиот самит.

„Светот никогаш не бил така опасен и нестабилен како сега“, рекла таа, повикувајќи на „конструктивен однос“ со Русија во цел соочување со кризата, поготово во Украина.

Мора да развиеме цврста и одговорна стратегија со Русија“, додала таа.

Могерини исто така исткнала и дека руската финансиска криза не е „добра вест“, ни за „руските граѓани“ ...ни за Украина, ни за Европа или остатокот од светот“.

Слично

Поврзани вести