Могерини: Европа е обединета со Германија
Европа e обединета со Германија по трагедијата во Минхен, објави високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини.
„Нашите мисли денес се со жртвите, нивните семејства и целиот германски народ. Европа е обединета со Германија“, рече таа.
Според последните податоци 9 лица загинале во пукањето вчера во трговскиот центар во Минхен. Напаѓачот е пронајден мртво, што според полицијата укажува на самоубиство.
Слично
