Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини: ЕУ може да се распадне ако не се справи со мигрантите

Могерини: ЕУ може да се распадне ако не се справи со мигрантите

Европската унија ризикува да се распадне ако не успее да одговори на најтешката миграциска криза по Втората светска војна колективно, изјавил високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.

Таа предупреди за верижната реакција на јавното мислење и националните влади, ако ЕУ не успее да одговори колективно на еден заеднички Европски проблем.

Нејзините коментарите доаѓаат еден ден откако Австрија ги објави плановите за изградба на ограда на границата со Словенија, за да го „контролира“ протокот на мигранти.

По одржаниот разговор помеѓу претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и австрискиот канцелар Вернер Фејман, двајцата излегоа со изјава дека „оградите немаат место во Европа“.

Слично

Поврзани вести