Модерна: Третата доза на вакцината го јакне имуниот одговор на повеќе варијанти на вирусот
Компанијата Moderna Inc. во средата објави дека првите податоци од истражувањата на луѓе покажуваат дека третата доза на нивната вакцина го зголемува имунолошкиот одговор на бразилскиот и јужноафриканскиот сој на коронавирусот.
Вакцинацијата со трета доза, дадена на доброволци претходно вакцинирани со Модерна во две дози, го зголемила одговорот на антителата и на оригиналната верзија на коронавирусот која предизвикува Ковид-19, објави Модерна.
Првите податоци се резултат на тестирање на 40 волонтери на сегашната модерна вакцина, како и верзии на вакцината што компанијата ја развива како одговор на новата јужноафриканска варијанта на коронавирусот наречена mRNA-1273.351.
Модерна исто така проучува вакцинација која комбинира тековни и нови вакцини.
Американската компанија за биотехнологија Модерна во април објави дека нејзината вакцина против коронавирус е 90 отсто ефикасна против сите форми на коронавирус и 95 проценти ефикасна против тешки форми на болеста и дека вакцината обезбедува силна заштита од болеста шест месеци по втората доза.
Овие резултати произлегоа од третата фаза на клиничко испитување со учество на повеќе од 30.000 луѓе ширум Соединетите Држави, а податоците за ефикасноста претставуваат благ пад од претходната бројка од 94,1 процент објавена во New England Journal of Medicine во декември.
Модерна работи на две модифицирани вакцини специфични за нова варијанта на коронавирусот и објави во април дека студиите врз глувци покажале дека овие вакцини предизвикуваат зголемен имунолошки одговор.
Вакцината Модерна е одобрена во повеќе од 40 земји.
