Мобилните уреди ќе го движат растот на рекламата во следните три години
Во наредните три години рекламната индустрија ќе забележи најголем раст од десет години , велат аналитичарите од ZenithOptimedia . Според нив, рекламите од мобилните уреди ќе бидат главниот двигател на овој раст.
Тие предвидуваат дека рекламната индустрија ќе забележи 3,6 % раст во оваа година , следен од 5.3 % скок во текот на следната . Во 2015 година и 2016 година зголемувањето ќе биде 5.8 % .
Според аналитичарите, следната година ќе биде многу поволна за реклами. Главната причина се Зимските олимписки игри и Светското фудбалско првенство . Покрај тоа, тие сметаат дека економијата во Европа се подобрува, што исто така ќе ги зголеми трошоците за рекламирање. Од ZenithOptimedia прецизираат дека прогнозите им се на база дека подобрувањето на Еврозоната ќе продолжи и нема да има нови кризи.
Основна цел на рекламите во наредните три години ќе се мобилните уреди. Прогнозите се дека мобилниот сектор ќе генерира 36 % од новите трошоци во светскиот рекламен буџет до 2016 година. Телевизијата ќе остане на второ место со 34% , следена од интернетот преку компјутер со 25% .
Тоа значи доста експлозивен раст на мобилното рекламирање догодина , бидејќи во моментов нејзиниот удел е едвај 2,7 % од сите трошоци за реклама во светот заедно. До 2016 година, вкупниот нејзиниот удел ќе достигне 7,7 % .
Зголемениот интерес кон мобилната технологија не е изненадување. Според ZenithOptimedia ширењето на паметните телефони ќе продолжи да се зголемува и ќе ја пренесе 60% во повеќето земји во светот до 2016 година. Таблетите пак ќе ја преминат границата од 15% ширење меѓу луѓето. Ова ги прави многу атрактивни на пазарот за реклами.
Слично
