Мобилна телефонија: Французите се залетаа по евтините пакети без обврски
Само лани на пазарот на мобилни телефони во Франција кој го сочинуваат над 73 милиони СИМ картички во оптек, регистрирани се 4,5 милиони нови клиенти.
Компаниите ова го постигнаа благодарение на евтините пакети без обврски. Само во четвртото тримесечие на минатата година, овој пазар во Франција доби околу 1,2 илиони нови клиенти, соопшти Управата за регулирање на електронските и поштенските комуникации, АРЦЕП.
Станува збор за второ најдобро тримесечие во годината, по третото, кое привлече повеќе од 1,4 милион корисници. Тоа резултираше со тримесечен раст од 1,6 отсто и годишен од 6,6 проценти.
Благодарение на трендот на раст на бројот на клиентите, на крајот на декември минатата година, се регистрирани 73,118 милиони СИМ картички, што претставува рекордна стапка на пораст од 112 отсто.
