Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОБИЛИЗАЦИЈА: Путин повика 150 000 луѓе во армијата!

МОБИЛИЗАЦИЈА: Путин повика 150 000 луѓе во армијата!

Русија објави мобилизација на речиси 150 000 руски државјани, кои се повикани на воена служба.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за тоа. Документот е објавен на официјалниот сајт на рускиот претседател.

Наредбата гласи дека на воена служба се повикуваат 147 100 лица на возраст 18-27 години, кои не се во резерва и правен ред подлежат на воена служба. Уредбата влегува во сила од денот на неговото официјално објавување.

Декретот важи од 1 октомври до 31 декември 2015 година, соопшти прес-центарот на Владимир Путин. Тој беше издаден непосредно откако вчера Русија започна воздушни напади во Сирија.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека претставници на американската и руската армија може да одржат разговори уште денес, со цел да се избегнат ненамерни конфликти меѓу двете држави при воздушните удри во Сирија. Ова го соопшти Кери по состанокот со рускиот колега Сергеј Лавров.

Слично

Поврзани вести