Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОБИЛИЗАЦИЈА ВО УКРАИНА: Сите мажи до 50 години повикани да се борат со проруските сепаратисти

МОБИЛИЗАЦИЈА ВО УКРАИНА: Сите мажи до 50 години повикани да се борат со проруските сепаратисти
Украинскиот Парламент денеска го усвои претседателскиот Декрет за мобилизација на резервниот состав и на мажите помлади од 50 години за борба против проруските сили во источна Украина. Околу 45 дена по претходниот декрет за мобилизација, кој истече, Киев одново го обнови декретот за „спроведување на делумна мобилизација“ за „антитерористичка операција“, како што украинските власти ги нарекуваат операциите во источна Украина. По гласањето во Парламентот, дојде до краткотрајно туркање меѓу националистичките политичари и членовите на партијата чил лидер беше поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Украинските сили успеаја да ги потиснат проруските сепаратисти во две главни упоришта - Доњецк и Луганск, постепено заземајќи ги околните села и приградските населби. Украинската војска има наредба да не користи воздушни напади и артилерија во овие градови.  
Слично

Поврзани вести