МНР предупредува: Не патувајте во Израел!
Министерството за надворешни работи издаде препорака до граѓаните да се воздржат од патување во Израел, особено во подрачјата на 50 километри од појасот Газа, заради влошена безбедносна состојба по најновите израелско-палестински судири.
„Со оглед на сигналите за воздушна опасност во Тел Авив и Ерусалим, им препорачуваме на нашите граѓани зголемена претпазливост, претходно информирање и стриктно придржување до упатствата и инструкциите на локалните власти. Исто така се препорачува внимателност при задржување на места со поголема концентрација на луѓе“, стои во соопштението од МНР.
Поради воените дејствија во Сирија се препорачува претпазливост и при патување во пограничните делови на Израел кон границата со Сирија и Либан.
Повеќето европски земји, меѓу кои и Франција и Германија, ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Израел уште пред повеќе од една недела, односно веднаш по почетокот на нападите на Хамас врз Израел и израелската контраофанзива врз Газа.
Слично
