Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мнооогу пари и шетање...Но, Данка раскажува - вака изгледа животот на вработените на крузер

Мнооогу пари и шетање...Но, Данка раскажува - вака изгледа животот на вработените на крузер

Нешто поради финансиската ситуација кај нас, нешто поради други фактори, се повеќе млади од земјава и регионот бараат работа на крузери. Повеќето од тие млади напредуваат во многу краток рок. Еден од примерите кој го илустрира ова тврдење е младата Данка Пужаревиќ која за само четири месеци успеала да напредува до позицијата асистент менаџер.

Таа била дипломиран козметичар и долго работела во белградските салони, а еден ден одлучила дека сака да напредува, животот и станал монотон па се решила на авантура со работа на брод. Сакала да види различни земји, да запознае нови луѓе, но и да заработи колку што на крузерите може да се заработи.

Апликацијата за крузер вели таа е едноставна и не одзема многу време, се распрашала и дошол денот кога ги спакувала куферите.

Таа е една од ретките кои признаваат дека животот на брод е како временска капсула.

„Животот на брод е како живот во временска капсула. Секој ден се будиш во нова земја. Заборавиш на деновите и датумите и се што памтиш се пристаништата во кои ќе бидеш утре. Секој ден е како понеделник. Многу се работи, но не си сам и не ти паѓа тешко. Почетокот е најтежок, самиот тој процес на прилагодување на условите, правилата и законите на бродот. Како и на работните часови. Но истовремено и забавно и возбудливо-објаснува таа.

Од друга страна, материјалната сигурност и стабилност не можат, барем за луѓето од Србија и Балканот да се мерат со ништо друго.

„Овде имам се што ми треба за живот. Понекогаш ми недостига простор да имам само за себе. Кога си на крузер, не можеш никогаш да бидеш сам и да сакаш. Тоа некогаш ми смета, бидејќи човек има потреба некогаш и да биде сам. Ми недостига турското кафе, и тоа е единствено нешто што ми фали“ објаснува Данка.

„Добро е што научиш доста за себе и другите. Научиш да штедиш пари. Посетиш неверојатни светски дестинации за кои не си занел дека постојат. Дознаеш доста за различните нации и нивни култури. За мене ова е феноменално искуство. Работиш и со тоа патуваш“, раскажува оваа девојка. Секоја причина има две страни, па така ни работата на крузер не е како бајка.

„Се има свои добри и лоши страни. Лошо е што понекогаш се чуствувам како во кавез, но кога добијам слободен ден во некое светско пристаниште се што е лошо останува во магла на тоа неверојатно чуство на слобода, среќа и задоволство. Единствено грозно нешто што би го издвоила е ден на море кога не фати бура.Тогаш на повеќето од нас им се слошува од лулањето на бродот и секако не е пријатно. Но, сето тоа поминува-раскажува низ смеа Данка. 

На прашањето за тоа колку може да се заработи на брод таа вели:

„Што се однесува до добра заработка зависи од позицијата на која си. Што е посилна таа, толку е подобра заработката. Со самото тоа и краткиот договор, а кога е договорот пократок може повеќе да се заштеди. Платите се движат од 800 долари па нагоре. Се зависи од позицијата и од тоа колку работиш, но чести се и бакшишите и подароците кои ги добиваме од познати личности и милијардери“-искрена е Данка.

Секако дека на млада жена не и е цел до крајот на животот да патува по светот и работи на крузери. Секако дека тоа искуство не би го менувала ниту со едно друго, но секако еден ден ќе престане да се занимава со тоа.

„Кога се вратам планирам да одам на одмор на некое топло место и малку да се одморам од работа. Остатокот од времето сакам да го поминам со семејството и пријателите. После одморот ќе се вратам пак на брод-ја завршува својата интересна приказна Данка Пусаревиќ која додава дека кога и стане доста од таквиот живот, секако ќе се одлучи што ќе работи во иднина, во зависност од тоа колку заштедила и животните околности, но и емотивен статус.

Слично

Поврзани вести