МНОГУМИНА ВЕЌЕ ЖИВЕАТ НА РАБ НА СИРОМАШТИЈАТА - цените во Австрија скокнаа и до 700 отсто
Австриската работна комора (АК) предупредува дека поскапувањето на храната полека излегува од контрола, бидејќи и најевтините производи поскапуваат.
Тековното истражување на АК укажува на големо зголемување на цените на неделно ниво за купување поевтини намирници, аптекарски производи и стоки од познати брендови.
- За многу граѓани домашниот буџет стана недоволен, а многумина веќе живеат на работ на сиромаштија, па се почесто се купуваат поевтини производи. Но, и тие поволни производи станаа многу поскапи од порано - изјави од Габриеле Згубиќ, претставник на Здружението за заштитата на потрошувачите на АК.
Таа посочува дека според АК има драстично зголемување на цената од 194 отсто на поевтиното сончогледово масло и 118 отсто на поповолното брашно.
Лани во септември литар сончогледово масло произведено од „Клевер“ се продаваше по цена од 1,19 евра, а една година подоцна најприфатливо сончогледово масло беше од брендот Сониголд по цена од 3,50 евра, што е зголемување за 194,1 отсто.
Што се однесува до брашното, килограм брашно од марка „Хепи берба“ лани чинеше 0,39 евра, а годинава 0,85 евра што е зголемување за 117,9 отсто.
Најдрастично поскапување е забележано кај отстранувачот на лак за нокти, бидејќи најевтиниот производ чинел 0,48 евра во јануари, а во септември цената скокнала на 3,93 евра, што е зголемување за цели 718,8 отсто, наведува АК.
