МНОГУМИНА ГИ БАРААТ СВОИТЕ СЕМЕЈСТВА, МНОГУ ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ИСТАНБУЛ - сведоци од Турција раскажуваат за хоророт што ја снајде нивната држава
„Рано наутро тргнав од Истанбул за Адана, на пат од илјада километри, сега имам уште околу 200 километри пред мене. Има сообраќајни незгоди на патот, искршени автомобили чекаат помош. Има и Црвен крст волонтери на пат, многу амбулантни возила, времето е многу лошо, врне снег во моментов.
Некои патишта се затворени. Беа урнати многубројни историски знаменитости. Тешко е оштетена Јени џамијата во градот Малатија. Оштетени се и многу други џамии, вкупно 2.800 згради според она што досега го објавуваат медиумите.
Слушам вести на радио. Десетина градови беа тешко оштетени, сега немаат струја, вода и интернет. Многу луѓе од тие градови бегаат во Истанбул. Тие ги бараат своите семејства. Тие се обидуваат да стапат во контакт со оние кои живеат во помалку оштетените области и привремено се преселуваат таму.
Најголем удар имаше во Караман Меркез, сериозни штети претрпе населението во радиус од 200 километри од градот Адана. Ова се 10-те најтешко оштетени градови.
Со часови, часови по најголемиот удар, сè уште се тресе. Веднаш следеа помали земјотреси. Секој час ќе има еден или два од неколку степени по Рихтеровата скала“, изјави тој за Индекс.хр.
Фото. ЕПА
