Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНОГУ ЗАГИНАТИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ И ВО ВОЕНИ БАЗИ, ПА НЕ СЕ ЗНАЕ ТОЧНИОТ БРОЈ ЖРТВИ - во земјотресот во Авганистан настрадаа најмалку 500 луѓе

МНОГУ ЗАГИНАТИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ И ВО ВОЕНИ БАЗИ, ПА НЕ СЕ ЗНАЕ ТОЧНИОТ БРОЈ ЖРТВИ - во земјотресот во Авганистан настрадаа најмалку 500 луѓе

Најмалку 500 луѓе загинаа во неколкуте земјотреси што во саботата го погодија Авганистан, соопшти портпаролот на Црвената полумесечина, Ерфанула Шарафзои.

Повеќе од 200 мртви се пренесени во неколку болници, изјави претставник на здравствената служба на Херат, додавајќи дека 510 лица се повредени, пренесува Ројтерс.

Многу загинати се префрлени и во воени бази, па засега не може да се зборува за точниот број на жртви, додаде функционерот.

Неколку земјотреси вчера ја погодија областа на 35 километри северозападно од градот Херат, јавува Ројтерс.

Најсилниот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Локалното население во Херат во паника ги напуштило своите домови и многумина ја поминале ноќта на улица.

Според Ројтерс, земјотресите биле почувствувани и во провинциите Фарах и Бадгис.

Се стравува дека бројот на загинати ќе расте бидејќи многумина остануваат заробени во урнатините.

Извор: Телеграф.рс

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести