Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ОТРУЕНИ ДЕВОЈЧИЊА ВО ИРАН: Досега има 5.000 случаи на труење на ученички

МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ОТРУЕНИ ДЕВОЈЧИЊА ВО ИРАН: Досега има 5.000 случаи на труење на ученички

Досега се пријавени повеќе од 5.000 случаи на труење на ученички

Десетици девојчиња се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми.

Од ноември, многу училишта, претежно за девојчиња, беа цел на ненадејно труење со гас или токсично труење. Ученичките се онесвестиле, а некои завршиле во болница, пренесува Alarabiya.net.

Најмалку 60 ученички се отруени во женските училишта во градот Хафткел во провинцијата Кузестан, јави државната телевизија IRIB, повикувајќи се на изјава на локален функционер.

Во градот Урмија во провинцијата Западен Азербејџан денеска во болници се превезени и голем број ученички, бидејќи им се слошило, објави агенцијата ИЛНА.

Според официјалните податоци заклучно со 7 март, повеќе од 5.000 ученички доживеале слични случаи на труење во повеќе од 230 училишта во 25 од 31 провинција.

ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести