Економија, финансии, бизнис

Контакт

Многу од имунизираните граѓани на Сингапур се заразиле со коронавирусот

Многу од имунизираните граѓани на Сингапур се заразиле со коронавирусот

Во Сингапур голем број од новозаразените со коронавирусот се вакцинирани. 

Три четвртини од инфекциите во изминатите четири недели се појавиле кај вакцинирани граѓани, а меѓу нив нема потешки случаи, покажуваат владините податоци. Експертите објаснуваат дека појавата на инфекција кај вакцинираните не значи дека вакцините не се ефикасни. Податоците покажаа дека во последните 14 дена, процентот на новозаразени вакцинирани граѓани на возраст над 61 година изнесува околу 88 отсто, што е поголем процент на инфекција отколку кај помладата популација. 

Во изминатите 28 дена, земјата има 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30 отсто од заразените се делумно вакцинирани, а 25 проценти од новоинфицираните не се имунизирани. 

Во Сингапур, каде живеат 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се скоро 75 проценти од населението.  Половина од населението во Сингапур е целосно имунизирано. Таа е втора држава во светот по имунизација по Емиратите. 

Сличен пример има и во Израел. Министерството за здравство на Израел објави дека ефикасноста на вакцината Фајзер против коронавирусот падна во спречувањето на инфекцијата на 39 проценти, а симптоматската инфекција на 41 процент, но сепак е релативно висока во спречувањето на тешки болести.

Како што е наведено, ефикасноста во спречување на сериозни болести е 91 процент, и во спречување на хоспитализација на вакцинирани 88 проценти, јавуваат денес израелските медиуми.

Меѓу оние кои ги примиле и двете дози на вакцина и се сметале за целосно имуни, 5.770 биле позитивни.

Слично

Поврзани вести