Многу лидери му велеле на Зеленски да ја напушти Украина, а тој се гордее што 50 дена пружаат отпор
Издржавме 50 дена, а окупаторите ни даваа најмногу пет, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски изјави дека украинскиот народ треба да биде горд затоа што покажа исклучителна храброст. Вели дека дури и пријателски настроените лидери му предлагале да ја напушти Украина, но дека, како што изјави, „не знаеле колку се Украинците храбри, колку ја ценат слободата и можноста да живеат онака како што сакаат“.
Додаде дека Украина ја бранат оние кои, како што оцени, „покажале дека руската авијација е беспомошна“, а дека „руските бродови можат да стигнат само до дното“.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Иако Русите најавува заземање на главниот град Киев, сепак тоа не се случи.
Русија сега вели дека ќе ги уништи националистичките баталјони.
foto Printskrin
