МНОГУ ДЕЦА ОСТАНАА СИРАЦИ: Koлку Палестинци загинаа досега во Газа?
Повеќе од 3.700 луѓе загинаа, меѓу кои 1.524 деца во Појасот Газа од 7 месецов досега.
Како што објави Би-Би-Си, меѓу убиените има 1.524 деца, 1.000 жени и 120 постари лица. Лекарот во болницата во Газа, Хасан Абусита, рече дека 40 отсто од случаите кои ги видел биле деца. Како што кажа тие се со тешки повреди, но некои од нив останаа и без родителите. Ние ќе им треба многу време за да се опорават.
Вкупно 12.493 лица се повредени, потврдија здравствените власти.
Бројот на загинати вклучува и 471 лице за кои министерството за здравство во Газа соопшти дека се убиени во вторникот во Арапската болница Ал-Ахли. Израел не попушта и претходно повика членовите на Хамас да се предадат или ќе бидат убиени.
Слично
