ММФ:Франција нека си ги преиспита трошоците!
ММФ порача на Владата во Франција дека треба заедно со седиштето на ЕУ во Брисел да го преиспита својот план за јавниот дефицит во 2013 година проектиран на 3% БДП. Како што оценува шефот на мисијата на ММФ, Едвард Гарднер, Владата на Еро треба да разговара со европските партнери за намалување на јавниот дефицит на Франција со поуспорено темпо.
Според ММФ, согласно сегашната ситуација во која економскиот раст е двапати понизок од предвидувањата на Владата на Еро, Франција треба да го намали дефицитот во 2013 година на 3,5 отсто, освен доколку не воведе дополнителен план за штедење кој е се помалку прифатлив за претставниците на Фондот поради рецесивните последици од политиките за штедење кои се спроведуваат во Европа.
„Ја воведуваме Франција во широк европски контекст да ја преиспита економската политика за 2013 година“, изјави шефот на мисијата на ММФ.
