Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ со нов предлог: Европската централна банка да ги намали каматите

ММФ со нов предлог: Европската централна банка да ги намали каматите

Европската централна банка да ја намали основната каматна стапка,  предоложи денеска Меѓународниот монетарен фонд, кој претходно ја намали прогнозата за економски раст на еврозоната на 0,3 проценти за годинава, а исто така предвиде и пад на инфлацијата.Од ММФ предвудуваат и дека стапката на невработеност во еврозоната годинава ќе остане на нивото од 12,3 проценти.

ММФ предложи повеќе мерки кои Европската централна банка и европските лидери треба да ги преземат за надминување на кризата, а предупредија и дека регионот е соочен со повеќе притисоци. Како голем проблем од Фондот ја посочуваат неизвесноста во Италија и на Кипар, но предупредуваат и дека зајакнувањето на еврото може да го намали извозот.

Слично

Поврзани вести