ММФ: Словенија да го рекапитализира банкарскиот сектор
Словенија, која е во рецесија од 2011 година, треба итно да го рекапитализира банкарскиот сектор, а нејзината економија веројатно ќе расте мошне бавно, предупреди Меѓународниот монетарен фонд на крајот од мисијата во оваа земја, која траеше десетина дена.
- ММФ е песимистички настроен во однос на економскиот раст на Словенија, бидејќи неговите експерти засега не гледаат крај на „маѓепсаниот круг“, создаден од проблематичните компании, зголемувањето на лошите кредити, намалувањето на ангажманите на банките, а потребни се и мерки за косолидирање на буџетот, изјави шефот на мисијата на Фондот, Антонио Спилимберго.
Тој додаде дека со цел да се стави крај на таа негативна спирала и да и се овозможи на Словенија да излезе од рецесија, ММФ повикува за рекапитализација на банкарскиот систем на земјата, која „се задушува од планината од лоши долгови и во моментот е ставена на тестови на издржливост.
Словенската економија веројатно ќе остане во рецесија оваа и следната година, а раст се очекува кон крајот на 2014.
