Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ се соочува со голем предизвик во арпскиот свет

ММФ се соочува со голем предизвик во арпскиот свет
За нов поголем предизвик се подготвува Меѓународниот монетарен фонд со цел да се обноват економиите во турбулентниот арапски свет.
Египет и Тунис преговараат за заем за структурни реформи, а Либија добива техничка помош од Фондот. Јордан во август лани доби заем од две милијарди евра, а Мароко беше поддржан со шест милијарди евра, кои треба да ја заштитат неговата економија од надворешните шокови. Земјите од арапскиот свет се соочуваат со  голема невработеност, огромен раст на популацијата, одлив на капиталот и зголемен државен дефицит. Дел од граѓаните на Египет испартија и  писма до ММФ во кои наведуваат дека се противат на преговорите на официјално Каиро со Фондот, обвинувајќи за недостаток од транспарентност во преговорите што се водат за заеми. -ММФ ќе биде во центарот на бура и ќе биде обвинет за каков било национален неуспех во спроведувањето на програмите“, вели Зубаир Икбал, поранешен член на ММФ. Според него  климата во постреволуционерниов период не е подготвена за бараните реформи во земјите од арапскиот свет. Икбал смета дека „постои очајна потреба за болни економски реформи за да се направат овие економии растечки и да се создадат работи места за брзо растечката млада популација“.  
Слично

Поврзани вести