Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ предупредува: Судирот во Мали ќе ги уништи соседните економии

ММФ предупредува: Судирот во Мали ќе ги уништи соседните економии

Судирот во Мали сериозно ја загрозува регионалната економија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по проширувањето на заложничката криза во наоѓалиштето за гас во Алжир.

Според Масуд Ахмед, шеф на одделот на ММФ за Блиски Исток и централна Азија, новите судири предизвикаа сериозни проблеми на соседните економии, што ќе биде уште поизразено ако Сахел, регион во пустината Сахара, биде погоден од судирот меѓу исламистичките бунтовници и воените сили на Мали и Франција.

Инаку претходно во Алжир, каде во наоѓалиштето за гас „Ин Аменас“ исламистите киднапираа десетици странски државјани.  Од ММФ оценуваат дека се уште е рано за проценки за долгорочно влијание на овие случувања врз економијата, но стравуваат од нив.

Слично

Поврзани вести